Словенечкиот премиер: Оние кои сакаат да ја уриваат владата во епидемија не ја сакаат оваа земја

Словенечкиот премиер Јанез Јанша ги нарече „трагикомедија и политичка игра кој би можела да заврши со нови предвремени избори“ обидите на лево-либералната опозиција на неговата влада во парламентот да ѝ се изгласа недоверба.

EPA-EFE

„Ова е продолжување на трагикомедијата која ја прават партиите во опозициската коалиција“, им кажа Јанша на новинарите кои бараа да ја оцени актуелната политичка ситуација откако опозициските партии привремено се откажаа во парламентот да се гласа за доверба на владата.

Станува збор за постапка на гласање која е предвидена во уставот како институт на „конструктивна недоверба“, за што е потребно да се добие мнозинска поддршка на тајно гласање во парламентот, но Јанша истакна дека опозицијата засега нема доволно гласови за смена на владата.

„Јасно е дека со уставот е предвидено една влада да се замени со друга, но на опозицијата целта не ѝ е да постави нова влада туку да предизвика нови предвремени избори. Оние кои го прават тоа во време на епидемија на коронавирусот очигледно не ја сакаат земјата во која го прават тоа“, остро ја критикуваше опозицијата премиерот.

Тој додаде дека слично било на почетокот на епидемијата на вирусот на средината на март, кога се распадна тогашната коалиција на премиерот Марјан Шарец кој не успеа наместо формирање нова влада веднаш да се оди на избори, што ќе се случеше доколку Јанша не успееше да формира ново политичко мнозинство во парламентот и да состави влада „која веднаш почна со решавање на проблемите“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе