За Европската Унија

Словенечкиот премиер: Ќе бараме кандидатски статус и за Босна и Херцеговина

Словенечкиот премиер Роберт Голоб изјави дека на самитот на ЕУ следната недела ќе предложи статус на кандидат за членство во Европската Унија да ѝ се додели и на Босна и Херцеговина.

Фото: ЕПА

Завршувајќи ја дводневната „посета на запознавање“ со институциите во Брисел, за време на која разговараше со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, а потоа и со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, новиот словенечки премиер им рече на новинарите дека Словенија ќе предложи БиХ да добие кандидатски статус и го поздрави позитивното мислење на Комисијата за статусот на Украина и нејзината европска перспектива.

Што се однесува на предлогот БиХ да добие кандидатски статус заедно со Украина и Молдавија, реалноста е таква што тоа може да го спречи и само една членка, но се надевам дека „разумот ќе победи“, рече словенечкиот премиер.

„Се надевам дека здравиот разум ќе надвладее, иако во минатото имаше злоупотреба на правото на вето што некои членки го користеа како инструмент за притисок за свои интереси, кои немаат никаква врска со европските вредности“, рече Голоб.

„Веруваме дека Западен Балкан заслужува посебен третман“

Тој потврди дека е запознаен со содржината на писмото испратено од словенечкиот претседател Борут Пахор за поддршка на кандидатурата на БиХ за членство во ЕУ до Шарл Мишел.

Во писмото Пахор повика на доделување статус на кандидат за ЕУ на Босна и Херцеговина без посебни услови, наведувајќи дека тоа ќе ги зајакне проевропските сили во БиХ и ќе ја забрза динамиката на приспособувањето на земјата кон европските норми. Тој предупреди на опасноста БиХ да остане надвор од фокусот на ЕУ по позитивните одлуки за Украина и Молдавија.

Нагласувајќи ја важноста на побрзиот интегративен процес на сите земји од Западен Балкан, премиерот Роберт Голоб се согласи со оценката на Пахор дека БиХ заслужува да стане кандидат за членство без услови поради нејзината посебна ситуација, односно пред предвидените технички процедури.

„Сметаме дека Западен Балкан заслужува посебен третман како Украина, Молдавија и Грузија, особено оние земји што беа во војна и самите не се одговорни што не можат да ги исполнат техничките услови“, рече словенечкиот премиер во Брисел.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе