Словенечки новинар осуден за клевета поради текст за таткото на Меланија Трамп

Висок суд во Љубљана правосилно пресуди дека словенечкиот новинар и публицист Бојан Пожар мора јавно да се извини и да му исплати 5.000 евра отштета поради клевета на Виктор Кнавс, таткото на Меланија Трамп, првата дама на САД, објави во понеделникот адвокатската канцеларија Пирц Мусар и Лемут Стрле од Љубљана.

Освен тоа, Пожар треба да плати и речиси 2.000 евра судски трошоци, објави адвокатската канцеларија.

На својот портал пред повеќе години Пожар наведе дека таткото на Меланија Трамп, во времето кога во Словенија пред повеќе од 30 години се занимавал со продажба на автомобилски делови, поради затајување данок бил во истражен затвор.

Со пресудата судот нареди дека Пожар мора да му се извини на Виктор Кнавс во своите медиуми и да го објави текстот на пресудата во кој стои дека станува збор за невистинити и навредливи тврдења.

Публицистот кој во своите написи често и во словенечката политика ја возбудува јавноста и ги открива скандалите зад политичките кулиси објави по неочекуваната победа на Доналд Трамп на претседателските избори во САД во 2016 година и две книги за Меланија Трамп од времето кога живеела во Словенија, меѓу кои и неавторизирана биографија, но поради своите изданија имал неприлики со семејството на Меланија Трамп која денес живее во САД.

Во написот поради кој Кнавс го тужел за клевета Пожар наводно се повикал на наводни документи на словенечката полиција од времето на поранешна Југославија, објавени во Словенија, и изјави на соседи на семејството Кнавс од времето кога живееле во Севница, што тие на суд го негирале.

Виктор Кнавс на судот во Љубљана кажал дека никогаш во тоа време не се занимавал со нелегална трговија ниту затаил данок, а документите на кои се повикал новинарот ги прогласил за нецелосни и неточни.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе