Ќе бидат казнети или затворени

Словенечки брачен пар го „сеел“ коронавирусот

Пријавени се две лица за прекршување на правилата за карантин од небрежност и за можно ширење на новиот коронавирус, за што ќе бидат казнети или затворени.

Фото: ЕПА

Според портпаролот на словенечката влада, Јелко Кацин, 37-годишна жена на 20 јуни дознала дека нејзиниот сопруг го има коронавирусот, но кога на 3 јули ја повикала брзата помош, не ги известила дека тој има коронавирус, со што го загрозила здравјето на другите луѓе, пренесува СТА.

Во меѓувреме, нејзиниот сопруг, кој работи за голема словенечка компанија, продолжил да оди на работа и покрај тоа што требало да биде во карантин, поради што е поднесена кривична пријава против брачниот пар за ширење на вирусот од небрежност.

Кацин додаде дека досега на граничните премини со Унгарија и со Хрватска и на аеродромот во Љубљана се издадени 1.213 наредби за карантин и дека повеќето луѓе се придржуваат кон самоизолацијата.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе