На отворено

Словенечката полиција казни момче што јадело бурек без маска. „Ако е наш бурекот, ќе му ја платиме казната“

Љубљанската бурекчилница „Бурек Олимпија“ си направи реклама и стана популарна на социјалните мрежи со ветување дека на доставувач на храна, казнет зашто во време на епидемија јадел на јавен простор, ќе му ги покрие трошоците за паричната казна ако докаже дека го јадел нивниот популарен бурек со сирење.

Фото: Фејсбук

„Го бараме славниот доставувач на храна што минатата недела во Љубљана плати казна за консумирање храна на скалите пред Францисканската црква. Имаме намера да го прашаме каде го купил бурекот. Ако се покаже дека тоа било наш бурек, спремни сме да му помогнеме да ја плати казната“, објави познатата љубљанска бурекчилница на социјалните мрежи.

Според словенечките медиуми, истата бурекчилница, како што се гледа и од нејзиното име, е еден од партнерите на фудбалскиот клуб Олимпија, а деновиве таа им вети доживотен бесплатен бурек на членовите на словенечката фудбалска репрезентација, откако одиграа нерешено со Грција и успеаја да се пласираат во повисоката група Б во натпреварувањето во Лигата на нации.

Случајот со анонимниот доставувач на храна, кој беше казнет со 400 евра зашто во време на карантин во центарот на Љубљана во пауза од работа седнал и наводно ја симнал маската за набрзина да го изеде појадокот, прерасна во социјален настан, но и во вистински политички театар откако сликата со таа глетка стана вирална на социјалните мрежи, а за случајот дискутираше и парламентот.

Опозицијата го зеде случајот како илустрација за тврдењата дека некои мерки преземени против коронавирусот се апсурдни и прекумерни, а казнувањето е дискриминирачко, бидејќи и некои политичари се појавија во јавноста без маски. Од друга страна, полицијата тврди дека казната била законски оправдана затоа што сторителот не носел маска на отворен јавен простор, како што е пропишано.

Премиерот Јанез Јанша, пак, честопати истакнува дека во атмосферата на недоверба кон потезите на владата за време на пандемијата честопати придонесуваат медиумите и социјалните мрежи затоа што тие под знак прашалник ставаат сè, така што мерката не ја почитуваат околу десет проценти од населението, што го загрозува јавното здравје на сите.

Легенда под Главна слика

Фото: Фејсбук

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе