Словенци за „валканите зделки“ на Тачи: Тој е симбол на политичко-криминален октопод

Косовскиот претседател Хашим Тачи е симбол на политчко-криминален октопод на Косово, оценува Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии ИФИМЕС.

Институтот со седиште во Љубљана наведува дека периодот кога Тачи беше премиер е обележан со вработувања по родбински врски, зстрашување на политичките противници и граѓаните, притисок врз медиумите и раширени криминал и корупција во сите делови на државата и општеството.

ИФИМЕС извештајот го објави во текстот „Предвремени избори на Косово 2019: Нова шанса за декриминализација на Косово“, посветен на политичката ситуација и најавените избори.

„Владата која ја предводеше Хашим Тачи со својот клан го карактеризираат непотизамм застрашување на политичките противници и граѓаните, притисок врз медиумите, криминал, нетранспарентност и корупција во сите области на косовското општество“, пишува ИФИМЕС, а пренесуваат приштинските медиуми.

„Организираните криминал и корупција претставуваат сериозна закана за косовското општество“, се истакнува во текстот.

Покрај тоа, се наведува дека во периодот на владеењето на Тачи е зголемена тенденцијата на напуштање на Косово од страна на младата популација.

„Особено загрижувачки тренд е масовното заминување на младата генерација работно способни луѓе. Владата на Косово не успеа да го сопре овој негативен тренд. Организираниот криминал и корупцијата претставуваат сериозна закана за косовското општество“, се наведува во написот.

Според ИФИМЕС, Хашим Тачи како „симбол на политичко-криминалниот октопод“ станува уште посилен во соработка со албанскиот премиер Еди Рама, за кого институтот тврди дека исто така воспоставил криминален режим во Албанија.

„Моќта на Тачи е дополнително зајакната од сојузот со албанскиот премиер Еди Рама и неговиот режим, кој во Албанија воспостави криминална империја со длабоки меѓународни корени, а Косово често го користи за да ги прошири своите пипци во регионот“, се наведува во извештајот.

Се потсетува на меѓународниот извештај за транспарентноста, според кој Косово го зазема 93-тото место од 180 земји во индексот на корупцијата за 2018 година.

Забелешки во извештајот се дадени и за владата на Рамуш Харадинај, која е веќе во оставка, со зборовите дека не е направено доволно за да се сопре бегството на населението, подобрувањето на владеењето на законот, ниту пак за засилување на борбата против организираниот криминал и корупцијата, економскиот развој и привлекувањето странски инвестиции.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе