Словачкиот премиер му подари нов шал на Орбан по инцидентот со Голема Унгарија

Словачкиот премиер Едуард Хегер му подари нов шал на унгарскиот премиер Виктор Орбан, откако Орбан предизвика контроверзии. Хегер на Орбан му подари шал на самитот на лидерите на Вишеградската група (В4) денеска во Словачка, пишува Еуро њуз.

Фото: Твитер

Орбан беше критикуван од унгарските соседи затоа што на неодамнешниот пријателски фудбалски натпревар во Будимпешта меѓу унгарските и грчките репрезентации носеше шал со карта на Голема Унгарија.

Картата на шалот на Орбан ги прикажува границите на поранешното Кралство Унгарија, изгубено со Договорот од Тријанон во 1920 година, кој ги вклучува модерната Австрија, Хрватска, Романија, Србија, Словачка и Украина.

Романското Министерство за надворешни работи го обвини Орбан за „ревизионизам“, додека Киев побара официјално извинување од Будимпешта. Словачкиот министер за надворешни работи Растислав Кацер го нарече шалот на Орбан „одвратен“.

„Забележав дека Виктор Орбан има стар шал, па денеска му подарив нов. Доаѓа зима“, напиша Хегер на Фејсбук.

Орбан на социјалните мрежи исто така објави фотографија со Хегер и новиот шал. Тој на Твитер напиша: „Да живее унгарско-словачкото пријателство“.

Унгарскиот премиер ги отфрли критиките за шегата, велејќи дека „каде и да живеат Унгарците, унгарската фудбалска репрезентација е репрезентација на сите Унгарци“.

Легенда под Главна слика

Фото: Твитер

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе