Словачка се извини за присилната стерилизација на Ромките, тоа траело со децении

Словачката влада официјално се извини за присилната стерилизација на ромските жени што во земјата се случувало со децении.

Фото: ЕПА

Владејачката словачка коалиција издаде соопштение во кое го осудува прекршувањето на човековите права што се случувало со години и им се извини на сите засегнати, објави официјалната новинска агенција ТАСР.

Бројот на стерилизации може само да се процени, но најмалку неколку илјади жени биле подложени на постапката, објави на својата официјална страница ромската претставничка во владата.

Според владата, присилните стерилизации се случувале помеѓу 1966 и 1989 година со цел да се ограничи бројот на деца родени во малцинската група на Ромите.

Но, според владата, дури и по падот на комунизмот, помеѓу 1990 и 2004 година, Ромките биле незаконски принудувани во клиниките да се согласат на стерилизација откако ќе добиеле деца.

Организациите за човекови права и Советот на Европа со години ја повикуваат Словачка да го признае систематското прекршувања на човековите права на Ромите и да ги обесштети жртвите.

Комесарката за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ, во објава на својот Твитер профил го поздрави извинувањето на словачките власти како важен прв чекор.

Но, додаде таа, механизам за компензација треба што поскоро да се воспостави.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе