Словачка повторно размислува за подарување „мигови“ на Украина

Словачка размислува да ѝ ги даде своите борбени авиони МиГ-29 ако се најде алтернатива за заштита на нејзиното небо, кажа премиерот Едуард Хегер. Украина од Западот бара тешко вооружување и авиони откако Русија ја нападна на 24 февруари.

EPA-EFE

Западните земји му испраќаат се пософистицирано оружје на Киев, но претходните преговори за МиГ-29, какви што имаат и Полска и Бугарија, беа отфрлени бидејќи планот беше оценет како преризичен поради тензиите меѓу Русија и НАТО. Украинскиот сосед Словачка, членка на НАТО, има 12 авиони МиГ-29.

Братислава на Киев веќе му испрати свој противвоздушен систем С-300 од советско време. „Откако Руската Федерација почна така да се однесува, советското оружје станува премногу ризично. Затоа вашето прашање е на место и се разгледува“, одговори Хегер на прашањето на новинар за можноста за давање на „миговите“ на Украина и барањето од Западот да го штити нејзиниот воздушен простор.

„Постсоветската опрема не е одржлива без руска поддршка, а во овој момент не ја ни сакаме“, додаде словачкиот премиер.

Словачка во 2024 го очекува првото пристигнување на застарените американски авиони Ф-16. Братислава договори купување на 18 такви борбени авиони со Вашингтон во 2018 година.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Римскиот политичар и филозоф, Марк Тулиј Цицерон, во I век пред н.е. укажал дека „кога немате основа за аргумент, злоставувајте го тој што ве обвинува“.

повеќе

Со појавата не енергетската криза многу земји отстапија од зацртаните планови за намалување на емисиите на стакленички гасови.

повеќе

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе