Словачка почнува да нуди вакцинација со Спутник V

Словачка почна да нуди вакцинација против ковид-19 со руската вакцина Спутник V, и покрај сериозната дебата за тоа во земјата.

Фото: ЕПА

Министерот за здравство Владимир Ленгварски во вторникот за време на ТВ-интервју објави дека од денес е можна онлајн-регистрација за вакцинирање со руската вакцина, иако европските здравствени власти сè уште ја немаат одобрено.

Првата доза на вакцината Спутник V ќе им се дава на оние што се пријавени од понеделникот, а може да ја примаат сите на возраст од 18 до 60 години.

Словачка е втора земја во ЕУ, по Унгарија, што одлучи да ја користи руската вакцина, иако сè уште не е овластена од Европската агенција за лекови (ЕМА).

Пред една недела, Ленгварски го критикуваше недостигот од доволно руски информации врз основа на кои би било можно словачката агенција да ја одобри вакцината. Но неговиот повик да се почека со употребата на руската вакцина до нејзиното одобрување во ЕУ беше одбиен од повеќето други министри од владејачката коалиција.

Словачка во март веќе набави 200.000 дози од вакцината Спутник V, откако поранешниот премиер Игор Матович ја нарача тајно. Вакцината досега не била користена.

Владата минатата недела одлучи да ја користи вакцината, наведувајќи дека многу луѓе нема да се вакцинираат ако Спутник V не биде понуден како една од вакцините.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе