Ќе ги чинат 1,6 милијарди евра

Словачка купува 14 американски борбени авиони Ф-16

Словачка денес одобри купување 14 американски борбени авиони од типот Ф-16 „блок“ 70/72 за 1,6 милијарди евра, со кои ќе ги замени застарените советски авиони МиГ-29. „Врз основа на повеќе анализи го избравме најдоброто решение“, изјави министерот за одбрана Петер Гајдос.

Тој истакна дека американските авиони ги исполнуваат сите можни словачки потребни и дека се „без конкуренција кога станува збор за цената“. На Словачка Шведска ѝ ги понуди своите авиони сааб ЈАС-39 грипен, но на словачката влада повеќе ѝ одговарала американската понуда.

Премиерот Петер Пелегрини изјави дека вредноста на договорот е речиси 1,6 милијарди евра и дека вклучува обука, муниција и логистика. Гајдос кажа дека американската администрација била веднаш спремна на потпишување договор, а дека Шведска сакала да преговара за условите дури по неговото склучување.

Плукајќи врз музикантите, незнаејќи одработувате за други интереси поведени од разбирливата емотивна нетрпеливост која ја прават криминалците од двете страни.

повеќе

Каков и да биде резултатот од предвидениот референдум за името во септември или во октомври, тој не дава гаранција за обезбедување двотретинско мнозинство во Собранието за промена на Уставот.

повеќе

Тесла преку проектот Варденклиф покажал дека енергетските ресурси се неограничени.

повеќе