На слики од полигон за нуклеарни проби во Северна Кореја гледаме... одбојка

Сателитските снимки што прикажуваат натпревари во тек ги збунија аналитичарите.

Што прават работниците од Северна Кореја кога не се подготвуваат за нуклеарен тест? Очигледно се релаксираат со одбојка.

„Необичните“ сателитски снимки од полигонот за нуклеарни проби Пунге-ри, сликани во неделата и опишани во извештајот „38 Север“, не ги откриваат очекуваните подготовки за шестата нуклеарна проба на земјата, туку три истовремени натпревари во одбојка, јавува Њујорк тајмс.

Бидејќи Северна Кореја знаела кога ќе ја надлетаат сателитите, аналитичарите велат дека игрите во просторот на главната администрација, во касарните на чуварите, како и во делот за поддршка на командниот центар, плус очигледно неискористената мрежа за одбојка во командниот центар, најверојатно биле со цел да се пренесе некој вид порака, иако не е сосема сигурно каква.

„Или ни испраќаат порака дека го ставиле објектот во мирување, или се обидуваат да нѐ измамат“, вели еден експерт. „Навистина не знаеме.“

Игрите, исто така, може да сигнализираат „тактичка пауза“ според Си-ен-ен. Меѓутоа аналитичарите сѐ уште веруваат дека Северна Кореја е подготвена во секое време за уште еден нуклеарен тест. Но велат дека поголем дел од активноста видена на местото во текот на последните осум недели се чини дека завршил. Возилата и приколките исчезнале од патиштата. Иако постојат мали знаци на тунелирање, „сепак се чини дека испумпувањето вода од тунелот заради одржување оптимална средина за инструментација и контаминација престанала“, се вели во извештајот.

Сепак, игрите не се ништо ново, според извештајот „38 Север“, „персоналот како игра одбојка на полигонот за нуклеарни проби Пунге-ри, исто така е забележан во голем број прилики уште во 2006 година пред почетокот на првиот нуклеарен тест и последен пат во февруари.“

Во Мексико, Индија и Турција, жените завршуваат трипати повеќе обврски поврзани со грижа од мажите.

повеќе

Сега свесно или несвесно се оди во друг правец, сведувајќи ја  партијата  на ниво на  дебатен клуб.

повеќе

Најчести места каде што може да се препознае (и шири) говорот на омраза на интернет се всушност онлајн медиумите кои дозволуваат простор за коментирање.

повеќе