Според извршниот директор за сајбер-безбедност

Следната војна ќе ги погоди обичните Американци на интернет

Секој иден конфликт во реалниот свет помеѓу Соединетите Држави и некој нивен противник како Кина или Русија директно ќе ги погоди обичните Американци поради ризикот од сајбер-напад, изјави Кевин Мандија, извршен директор на компанијата за сајбер-безбедност „Фаер ај“.

Фото: ЕПА

„Следниот конфликт што ќе се вжешти на интернет, американскиот граѓанин ќе биде вовлечен во него, без оглед дали сакаат или не. Точка“.

„Апликациите нема да работат. Апаратите може да не работат. Луѓето не се ни свесни од кои сѐ работи зависат. Одеднаш, синџирот на снабдување почнува да се нарушува затоа што компјутерите не работат“.

Мандија е во синџирот на онлајн-безбедноста и обидите на криминалците и на странските влади да влезат во компјутерските системи низ целиот свет.

Мандија предупредува дека нејасните правила или критериуми за одмазда ќе доведат до континуирани напади од кои ќе бидеме „шокирани, но не и изненадени“.

„Проблемот е во тоа што никој не знае кои се правилата. Нема пишан документ за тоа кои се правилата“, рече тој.

„И не знам дали ќе ги натерате луѓето да ги прифатат правилата за шпионажа поради асиметријата во која повеќето земји не можат да нè победат со тенкови, не можат да нѐ победат со авиони. Но на интернет, можеби тоа е местото каде што можат да вложат и да нѐ победат“.

„До толку е едноставно: ако може да ве хакираат, ве хакирале“.

„Се наоѓаме во ситуација во која сме како голмани, а од сите страни нонстоп нѐ бомбардираат со волеј-шутеви. И, патем, блокирањето на 99,99999999% од сите напади значи дека насекаде ќе бидете компромитирани“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе