Научниците го вклучија алармот

„Скриена епидемија“ по ковид-19: мозочни удари и нервни оштетувања дури и кај благите и оздравените случаи

Невролозите во Британија предупредуваат на потенцијална „скриена епидемија“ на нарушувања на мозокот откако десетина оздравени пациенти од ковид-19 добиле воспаление на мозокот, делириум, оштетување на нервите и мозочни удари.

Истражувањето, објавено во средата во магазинот Бреин, сугерира дека лекарите можеби ги пропуштаат знаците на потенцијално фатално нарушување на мозокот што се развива кај пациенти со лесна клиничка слика и кај оздравените од ковид-19. Појавата и сериозноста на мозочните нарушувања не биле поврзани само со сериозните респираторни симптоми поврзани со ковид-19.

„Загрижува тоа што е можно да се појави некоја скриена епидемија по ковид, кога ќе видите задоцнети ефекти врз мозокот, затоа што може да има суптилни ефекти врз мозокот и полека да се случуваат работи во текот на следните години, но премногу е рано сега да судиме“, рече Мајкл Занди, виш автор на студијата и консултант на институтот и фондацијата Болници на Универзитетскиот колеџ во Лондон.

Студијата истражувала 43 британски пациенти со ковид-19 на возраст од 16 до 85 години, од кои многумина не доживеале ниту еден респираторен симптом обично поврзан со оваа болест, но добиле невролошки нарушувања како примарни симптоми.

Од 43, десетина пациенти имале воспален централен нервен систем, 10 имале заболувања на мозокот со делириум или психоза, осум имале мозочни удари, а уште осум имале оштетување на периферните нерви во форма на Гијен-Баре синдромот, во кој имунолошкиот систем ги напаѓа нервите предизвикувајќи парализа.

Меѓу испитуваните пациенти, истражувачите известија дека 55-годишна жена без претходно психијатриско заболување почнала да халуцинира и пријавила дека гледа лавови и мајмуни во својата куќа и при повторното примање во болница ѝ бил пропишан антипсихотичен лек.

Загрижувачки, лекарите забележале пораст на животозагрозувачката состојба наречена акутен дисеминиран енцефаломиелитис (АДЕМ): случаите се зголемиле од само еден на месец пред пандемијата на два или три неделно во април и мај. АДЕМ е фатална во пет проценти од случаите, а една 59-годишна жена во студијата на пациенти починала од состојбата.

 

Латентни предизвици

„Во начинот на кој ковид-19 влијае на мозокот гледаме работи што досега не сме ги виделе со други вируси“, вели Занди.

„Она што го видовме кај некои од овие пациенти со Адем и кај други пациенти е дека може да имате тешка неврологија, може да бидете доста болни, но всушност да имате лесна болест на белите дробови.“

Сепак, целокупниот опсег на невролошките нарушувања поврзани со ковид-19 допрва треба да се утврди, бидејќи многу пациенти едноставно се премногу болни за скенирање на машини.

Постои можност за долгорочни ефекти од ковид-19, велат истражувачите, бидејќи пациентите што оздравуваат, пријавуваат вкочанетост, слабост, губење на меморијата и замор, при што Занди ја наведува „епидемијата на летаргичен енцефалитис во 1920-тите и 1930-тите години по пандемијата на грип од 1918 година“ како преседан за потенцијално претстојната „скриена епидемија“ што може да го чека човештвото во годините откако коронавирусот се смири.

Во уште една загрижувачка белешка, истражувачите истакнуваат дека САРС-КоВ-2 не е откриен во мозокот или во 'рбетната течност на пациентите со мозочни нарушувања, што укажува дека вирусот не предизвикал директно невролошки симптоми, туку дека може да испровоцира толку силен имунолошки одговор што на многу начини самите себеси да се напаѓаме.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе