Скокна цената на енергенсите по нападот врз саудиските нафтени постројки

Светските цени на енергенсите денес скокнаа, по нападот врз клучните нафтени постројки во Саудиска Арабија, во кој се онеспособени повеќе од пет проценти од глобалното снабдување со тој енергенс.

Нападот беше извршен со беспилотни летала во саботата во две саудиски нафтени постројки, од кои една е најголема во светот, со што е намалено производството на саудискиот државен нафтен гигант „Арамко“ за повеќе од 50 проценти.

Можеби ќе бидат потребни недели за објектите повторно да почнат да работат со полн капацитет. Арамко соопшти дека како резултат на нападот неговото секојдневно производство на нафта паднало за 5,7 милиони барели на ден, што претставува повеќе од пет проценти од светското дневно производство. Повеќето од ова производство оди во Азија.

Референтната сурова нафта Брент скокна за скоро 20 проценти на почетокот на тргувањето утрово, пред во продолжетокот на тргувањето да се смири на пораст од 10 проценти во средата, и се продаваше за 66,28 долари по барел.

Цената на западнотексашката сурова нафта се зголеми за девет проценти, а бензинот и нафтата за греење скокнаа за осум, односно седум проценти пред да се отвори пазарот во Њујорк.

Американски функционери објавија сателитски слики од штетата во центарот на саудиското главно нафтено поле и рафинеријата за нафта, велејќи дека уништувањето укажува на тоа дека саботниот напад дошол од Ирак или од Иран, а не од Јемен, како што тврдат бунтовниците хути од Јемен, кои ја презедоа одговорноста за нападот.

Иран ги нарече обвиненијата од САД „максимални лаги“ и негираше каква било одговорност за нападот. Ирак исто така изјави дека нападот не бил извршен од негова територија.

Саудиска Арабија вети дека со своите залихи ќе го надомести недостигот, ќе го одржи снабдувањето на глобалните пазари и дека брза да ги поправи штетите на погонот Абкаик и нафтеното поле Кураис.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе