Станува збор за најголемиот дневен број на новозаразени од почетокот на пандемијата, откако на 27 октомври имаше 2.611 заразени, а и процентот на позитивни тестови е зголемен во однос на претходниот ден и изнесуваше 27,61 отсто, со потврдени 1.302 зарази и 59 мртви, најмногу до сега.
Словенечката влада утре ќе одлучува за епидемиолошките мерки, а владиниот експертски тим за ковид-19 предложи сите рестриктивни мерки да се продолжат и следната недела.
Строгите мерки и карантинот во Словенија се на сила веќе еден месец, а некои сметаат дека треба да останат на сила до крајот на годината, и покрај мислењето дека е достигнат таканаречениот плафон на вториот бран на пандемијата и дека бројот на дневните зарази би можел на крајот на оваа или на почетокот на следната недела да почне да паѓа, по што ќе почне да паѓа и бројот на хоспитализираните.
Во Словенија од почетокот на епидемијата од последици на ковид-19 умреа 1.199 луѓе, а медиумите наведуваат дека според меѓународните податоци Словенија е на првото место според морталитетот меѓу заболените во последните седум дена.
Состојбата во болниците каде што се примаат болните од ковид и понатаму е критична и во некои капацитетите за сместување се полни па заболените се преместуваат во оние каде што сè уште има слободни кревети.
Премиерот Јанез Јанша денес во парламентот ќе претстави нов законски пакет за помош за коронакризата кој меѓу другото носи и големо зголемување на казните за прекршувачите на епидемиолошките мерки кои би изнесувале од илјада до десет илјади евра, но опозицијата со амандман на законот побара да се отфрли таа идеја.