Коронавирус

Склекови, дронови и гневни градоначалници: како се контролира карантинот низ светот (ВИДЕО)

Една третина од светското население е под карантин додека земјите ги заоструваат мерките за запирање на ширењето на ковид-19.

Гардијан открива некои од стратегиите - од беспилотни летала преку вооружени сили, до вежби и казни - што владите ги користат за да ги контролираат своите граѓани.

Во карантин се и 1,3-те милијарди жители на Индија, а оние што ѝ пркосат на наредбата државата ги казнува со склекови и ги засрамува нарекувајќи ги „пријатели на коронавирусот“.

Во Британија полицијата ги растерува толпите луѓе на јавни места. Полициските шефови велат дека спроведувањето на карантинот во Велика Британија може да биде невозможно.

Во Италија, пак, и самите градоначалници се впуштаат во борба со граѓанската непослушност и ги бркаат луѓето од улиците. „Забранет е пинг-понгот, одете играјте плејстејшн“.

Во Франција улиците се преполни со полицајци, кои ги пропуштаат само оние со посебни дозволи, а на другите им пишуваат казни. Во некои земји напомош е повикана и војската.

Објавено

Среда, Март 25, 2020 - 19:31

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе