Според формула за одредување на степенот на штетата

Скарата на италијански студенти резултираше со парична казна од 13,5 милиони евра за шумски пожар

Двајца студенти обвинети за голем шумски пожар во италијанскиот регион Комо, се казнети, секој од нив, со казна од 13,5 милиони евра.

Мажите, и двајцата на возраст од 22 години, правеле скара во планински шумски дом, кој му припаѓал на дедото на едниот од нив, кога на 30 декември минатата година избувнал пожар.

Огромната сметка за двајцата студенти е пресметана од страна на локалните власти врз основа на формула која се користи да се одреди степенот на штета предизвикана од пожар.

Еден од студентите за италијанските медиуми изјави дека тие се „жртвени јагниња“ на пожарот.

Зборувајќи за италијанскиот весник Ла стампа, еден од студентите изјави дека „длабоко жали“ - но рече дека имало повеќе извори за појавата.

„Ние сме жртвени јагниња за пожарот што не може да се објасни“, рече тој, додавајќи: „Ние сме вистинските жртви во приказната“.

„Веднаш ја повикавме противпожарната бригада и се нафрливме на пламените во обид да ги изгасиме“.

Обвинителите го следеле патот на огнот назад до имотот и рекоа дека бил започнат од жарот на скарата комбинирано со исклучително сувите околности. Пресудено е дека двајцата се заеднички одговорни, заедно со сопственикот на имотот.

Огнот траел неколку дена, уништувајќи околу 1.000 хектари шума на Монте Берлингхера - штетата предизвикана на околу 100 хектари се смета за непоправлива.

Ла Стампа извести дека законски предвидената казна за предизвикување пожар изнесува од 118 до 593 евра по квадратен метар, така што студентите ги очекувала парична казна меѓу 8 и 40 милиони евра.

Износот од 13,5 милиони евра е пресметан од страна на Шумската полиција според утврдената формула и во согласност со локалните закони.

Адвокатката на едниот студент за весникот изјави дека пресудите треба да бидат значајни и да имаат смисла, што сега не е случај.

„Што е смислата да се наметне ваква административна санкција, знаејќи дека двете момчиња, се уште се студенти, и не можат да ја платат?“, рече таа.

Обвинителите за локалниот дневен весник Ил Џорно Комо изјавија дека казната „е сигнал до граѓаните дека мора да преземат поголема одговорност при заштита на животната средина“.

Италијанските медиуми исто така известуваат дека парот може да се смета за одговорен во одделни постапки од страна на сопствениците чии имотите биле зафатени со пожарот.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе