Скандал во германската војска со нацистичка униформа и невкусна порака (ФОТО)

На официјалниот профил на Инстаграм на германската војска осамна фотографија од униформа на Вермахтот со нацистички ознаки.

Оние кои ја поставиле фотографијата со двата нацистички крста, одликување за војниците ранети во битка и царски орел на социјалната мрежа, ја дополниле со светкава лепенка „ретро“ и невкусна порака: „И модата е еден аспект. Војничките стилски елементи до денес се одржаа во високата мода“.

Набрзо откако германскиот весник Билд побарал информации во министерството за одбрана на Германија, Бундесверот ја отстрани фотографијата, но без да даде објаснување.

Претставникот на Бундесверот на новинарското прашање подоцна наведе дека текстот со фотографијата е „двосмислен“, а приказната е „непромислена, односно нечувствителна“.

Наведе дека симболите на нацистичкиот Вермахт, особено нацистичките крстови, „немаат никаква функција“.

Инстаграм профилот е дел од медиумската офанзива на Бундесверот. Сѐ повеќе офицери од среден ранг во меѓувреме имаат профили на Твитер, а Бундесверот веќе некое време објавува серии на Јутјуб за да регрутира млади луѓе.

„Бундесверот мора под итно да разјасни како такво нешто можело да се најде на нивниот инстаграм профил“, изјави пратеникот на Зелените Тобајас Линднер.

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе