Скандал во американската војска: морнари на подморница правеле „листа за силување“ на своите колешки

Најнова истрага покажала дека морнарите на американската подморница УСС Флорида составиле листа со имињата на своите колешки на која ги рангирале според атрактивноста, јавуваат американските медиуми.

УСС Флорида е една од двете американски воени подморници во чии екипажи има и жени.

Американскиот воен портал Милитари добил извештај за непирмерното однеуѕвање на војниците на 74 страници.

Во извештајот се вели дека морнаричките команданти не успеале да ги решат безбедносни проблеми на подморницата ни откако бил откриен списокот со имињата на членките на екипажот со сексуално експлицитни описи, што резултирало со отпуштање на главниот командант.

Капетанот Грегори Керчер од подморницата Флорида бил отпуштен во август 2018 откако неговите претпоставени ја изгубиле довербата во неговите командни способности, се вели во извештајот и се додава дека таму „се толерирале непристојни, сексистички кометари и шеги“ и дека „немало одговорност во командниот синџир“.

Двајца поранешни морнари на подморницата повеќе не се во служба, а не се знае бројот на тие што добиле укор поради учеството во составувањето на листата, објави морнарицата.

Виш советник на капетанот Керчер во јуни 2018 го информирал за постоењето на две листи – „листа за силување“ на која членките на екипажот се оценувале со доделување ѕвездички и втора на која покрај секое женско име стоел сексуално експлицитен коментар.

„Гласините за листата брзо се проширија меѓу целиот екипаж, поради што голем број членки на екипажот стравуваа за својата безбедност“, им напишал контраадмиралот Џеф Џаблон на своите надредени неколку дена пред капетанот Керчнер да биде отпуштен.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе