Сѐ уште го гасат пожарот кај Чернобил, радијацијата 16 пати поголема од вообичаената (ВИДЕО)

Украинските пожарникари денес, петти ден по ред, продолжија да се борат со шумскиот пожар во речиси ненаселената забранета зона кај Чернобил, која сѐ уште е контаминирана со радијација од нуклеарната хаварија која се случи пред повеќе од три децении.

Власти повеќе од двојно го зголемија бројот на пожарникарите кои го гаснат пожарот, ангажирајќи 274 гасачи, три авиони и три хеликоптери.

Државната служба за кризни ситуации вчера објави дека пожарникарите успеале да ја намалат областа зафатена од пожарот во забранетата зона од 25 на 10 хектари.

Сојузната служба денес не објави нови податоци за површината зафатена од пожарот. Експертите за животна средина стравуваат дека пожарот би можел да ја крене радиактивната прашина од тлото. Државната служба за кризни ситуации кажа дека најверојатно нивото на радијацијата е во дозволените рамки.

Високиот функционер за животна средина Егор Фирсов кажа дека по избивањето на пожарот за време на викендот нивото на радијација во таа област било 16 пати повисоко од нормалните заднински нивоа.

Под истрага дека предизвикал најмалку еден локален пожар е 27-годишен жител на гратче во близина на забранетата зона.

Му се заканува казна до пет години затвор, а се верува дека палел трева и ѓубре и не успеал да го исконтролира пожарот поради ветровитото време, соопшти полицијата.

Нуклеарната хаварија во Чернобил во 1986, околу 100 километри северно од Киев, е најлошата нуклеарна катастрофа во историјата.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе