Сите училишта и градинки во Вухан се отворени, нема нови локални случаи на зараза

Учениците денес, носејќи маски за лице, се вратија во училиштата во Вухан, градот каде првично избувна епидемијата на коронавирус.

EPA-EFE

Вухан сега, за прв пат по седум месеци, ги отвори сите училишта и градинки.

Речиси 1,4 милиони ученици ја продолжија наставата во околу 2.800 градинки, основни и средни училишта во градот.

Државните медиуми објавија слики од илјадници ученици кои го креваат кинеското знаме - дневна рутина во сите јавни училишта - и покрај предупредувањата да се избегнуваат масовни собири.

Властите ги советуваат студентите да носат заштитни маски и, доколку можат, да избегнуваат патување со автобуси и возови. Тие исто така изјавија дека ќе се префрлат на онлајн модел на настава во случај на појава на нови жаришта.

Училиштата исто така добиле наредба да спроведат вежби и обуки за подготовка во случај на нови епидемии.

Кина во последните денови не пријави ниту еден нов локален пренос на коронавирус.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе