„Од каде си? Од Македонија“

Сите снимки од апсењето на напаѓачите на црногорскиот мафијашки бос: „Ловот“ на украинската полиција среде ноќ (ВИДЕО)

Украинската полиција објави снимка од апсењето на напаѓачите на наводниот лидер на црногорскиот мафијашки кавачки клан Радоје Звицер.

Printscreen

Подолгата снимка која е објавена на профилот на националната полиција на Украна ја опфаќа целата акција, почнувајќи од снимките од надзорните камери од обидот за егзекуција во центарот на Киев, до испрашувањето во станица.

Може да се види извршувањето увид а прикажано е и користеното оружје, а потоа и „ловот“ низ зеленилото низ ноќта по осомничените за нападот.

„Од каде си?“, прашува полицаец еден од уапсените на снимката.

„Од Македонија“, одговара лице со лисици на рацете.

Друг на денска снимка одговара дека е од Србија и дека разбира зошто е уапсен.

Подоцна, меѓу другото, прикажан е еден од уапсените со српски пасош во полициска станица.

Украинската полиција осомничените ги уапсила во Одеса, како што јавуваат украинските медиуми, а при апсењето тие пружале отпор и се обиделе да избегаат. Се обидувале да стигнат до границата со Молдавија и така да ѝ избегаат на украинската полиција.

Легенда под Главна слика

Printscreen

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе