Во близина на хотел

Сите џамии и цркви затворени во област во Витлеем, меѓу нив и Базиликата на Исусовото раѓање

Базиликата на Исусовото раѓање од денеска е затворена, а на странските туристи им е забрането да престојуваат во хотелите на Западниот Брег, откако беа откриени четири сомнителни случаи на коронавирус во палестинскиот град Витлеем.

По сомнителни случаи на коронавирус во хотел во градот Витлеем на Западниот Брег, палестинското Министерство за здравство ги затвори сите џамии и цркви во областа.

Според Вафа, официјалниот новински сервис на палестинската власт, прогласена е медицинска вонредна состојба во светиот град, каде што се наоѓа Базиликата на Исусовото раѓање, популарно место за аџилак, кое се смета за родното место на Исус.

Иако нема потврдени случаи на коронавирус на палестинските територии, властите ги откажаа и сите спортски настани во градот и ги затворија училиштата. Тие побараа од туристите и да ги откажат резервациите во хотелот, се вели во извештајот на Вафа.

Од мерките што ги објави Министерството за туризам на палестинската власт особено ќе биде погоден библискиот град, чии фирми во голема мера зависат од христијанските посетители на црквата, изградена на традиционалното место на раѓањето на Исус.

Пред само три месеци Витлеем го славеше својот најдобар Божиќ последниве две децении, рекоа градоначалникот и хотелиерите, дури и подобро од 1,5-те милиони посетители што ги прими во 2018 година.

Латинската патријаршија на Светата земја соопшти дека Базиликата, која првпат е изградена во 339 година и била повторно градена и проширувана низ вековите, ќе биде затворена две недели, заедно со други цркви и џамии во областа Витлеем.

И забраната за странски гости во хотелите на Западниот Брег ќе трае две недели, соопшти Министерството за туризам.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе