Ковид-19

Системот оптоварен, Словенците можеби ќе ги праќаат пациентите во странство

Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 4.511 новозаразени со коронавирусот, што е нов рекорд од почетокот на епидемијата, по вчерашните 3.456 случаи, а според новите прогнози, растот на четвртиот бран може да продолжи до крајот на ноември.

Фото: ЕПА

Со 10.156 тестирања потврдени се 4.511 нови инфекции, односно 44,4 отсто од сите тестирани, соопшти денеска словенечкото Министерство за здравство.

Со ова беше срушен вчерашниот неславен рекорд од почетокот на епидемијата, кога имаше 3.456 новозаразени.

Во болниците во моментов има 670 пациенти од ковид-19, од кои 159 се на интензивна нега, додека во последните 24 часа починале 18 пациенти.

„Кривата на заразата би можела да се искачи барем до крајот на ноември ако ништо не се промени“, изјави за словенечката телевизија Леон Цизељ од Научниот институт Јожеф Штефан, кој за владата прави прогнози и модели на епидемијата.

Бидејќи реалниот број на дневни инфекции е два до три пати поголем од оној што е утврден со тестирањата, тоа значи дека секоја недела со коронавирус се заразуваат околу 50 илјади луѓе, рече Чизељ. Тој додаде дека ваквата динамика на четвртиот бран укажува дека врвот на епидемијата може да се достигне за еден месец, но не поради бавната вакцинација, туку поради сѐ поголемиот број жители што доаѓаат во контакт со вирусот.

Но таквата динамика би значела дека ширењето на вирусот овој месец за жал ќе доведе до 400 до 500 нови смртни случаи, драматично предупреди Цизељ, повикувајќи на подобар одговор на вакцинацијата.

Поради брзиот раст на хоспитализациите во последно време, државниот секретар во Министерството за здравство Роберт Карота, задолжен за координација меѓу болниците, рече дека не исклучува дека ќе биде неопходно поради преоптовареноста на здравствениот систем пациентите да се испраќаат во странство.

За состојбата на епидемијата и новите мерки Владата ќе расправа денеска на редовна седница, но се демантирани шпекулациите дека таа би можела да донесе одлука за „целосно затворање“, што би вклучувало и стопирање на економијата.

Вицепремиерот и министер за одбрана Матеј Тонин рече дека единствено решение за сегашната ситуација е побрзо вакцинирање и строга контрола на употребата на ковид-пропусниците.

„Целосното затворање би било многу тешко да се реализира затоа што ќе треба да ја затвориме целата економија, што никогаш досега не сме го направиле“, изјави за медиумите Милан Крек, директор на Националниот институт за јавно здравје, додека инфектологот Бојана Беовиќ рече дека со затворањето, „растот на четвртиот бран само ќе забави, а потоа ситуацијата ќе се повтори“.

Наместо заклучување, подобро е да се инсистира на вакцинација и да се избегнуваат ризични контакти, предупреди Беовиќ.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе