Сириските војници по седум години влегоа во градот Дара, родното место на бунтот против режимот (ВИДЕО)

Припадници на сириската војска влегоа во градот Дара и таму го закачија сириското државно знаме за првпат по 2011 година, извести сириската Опсерваторија за човекови права. „Војската влезе во Дара, го крена знамето, а нејзините припадници се фотографираа и си заминаа“, изјави шефот на Опсерваторијата Раму Абдел Рахман за германска ДПА. „Тоа е чиста пропаганда“, смета тој.

Сириската државна новинаска агенција САНА информираше дека сириските трупи влегле во Дара и го кренале државното знаме не градскиот плоштад.

Портпаролот на бунтовничките групи за јужните операции Ибрахим Џабави претходно кажа дека во согласност со договорот со Русија постигнат во Дара, на сириските трупи не им е дозволен влез во местата кои претходно биле под контрола на бунтовниците. „Тоа е очигледно кршење на договорот меѓу нив и Москва“, смета Џабави.

Можевме и требавме, преку соодветните локални власти и во соработка со МНР и Министерството за култура, оваа манифестација да ја направиме меѓународна.

повеќе

Еден проблем кај Трамп е тоа што му е опсесија да изгледа „силен".

повеќе

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе