Сириските трупи во придружба на руски војници влегоа во градот Кобане (ВИДЕО)

Силите на сириската влада во придружба на руски војници влегоа во Кобане, стратегиски важен пограничен град и потенцијално жариште за поширок судир, јавија денес невладините здруженија, а Советот за безбедност на ОН изрази загриженост поради терористите на ИСИС, не спомнувајќи ја турската офанзива.

Сириската опсерваторија за човекови права објави дека голем конвој на сириската војска бил виден како тргнува од Манбиџ, уште еден курдски град во кој сириските сили ја преземаа контролата неделава, и дека се движи кон Кобане.

Потегот на сириската војска доаѓа неколку часа откако Сириската опсерваторија и курдски извори соопштија дека американските војници се повлекле од Кобане.

Портпаролот на западната коалиција предводена од САД денес потврди дека ги повлекле своите војници од градовите Рака и Табка во рамки на планот за повлекување од североисточна Сирија.

По повлекувањето на Американците, кои беа главната поддршка на сириските Курди, Сириските демократски сили (СДФ) склучија договор со сириската влада за распоредување војници на турско-сириската граница во одбрана од турската офанзива која Анкара ја почна минатата недела.

Воениот договор на СДФ со Дамаск и неговата сојузничка Москва е нагла промена во политиката по објавата на Вашингтон дека се повлекува од североисточна Сирија, каде претходно им помагаше на СДФ во борбата против џихадистите на Исламска држава.

Локални извори вчера јавија дека сириските сили со помош на Русија вчера заземаа позиции во Рака, поранешната престолнина на „калифатот“ на ИСИС, која Курдите ја ослободија во 2017 како кулминација на својата воена кампања поддржана од САД.

Советот за безбедност на ОН изрази денес загриженост од ризиците од влошување на хуманитарната ситуација во североисточна Сирија и поради бегството на борците на терористичката група Исламска држава, но не го спомна турскиот напад врз курдски милиции во тој регион кој почна минатата недела.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе