Багуз е ослободен

Сириските демократски сили прогласија победа над исламската држава (ФОТО+ВИДЕО)

Сириските демократски сили денес објавија дека го ослободиле последниот дел од територијата под контрола на исламската држава во источниот сириски град Багуз и прогласија победа над екстремистите и крај на нивниот самопрогласен калифат.

Сириските демократски сили (СДФ) поддржани од САД изјавија дека ставија крај на петгодишниот „калифат“ на исламската држава по победата на милитантите во Сирија.

Борците на СДФ ги истакнаа победничките знамиња во Багуз, последното упориште на џихадистичката група.

„Сириските демократски сили прогласија целосна елиминација на таканаречениот калифат и 100% територијален пораз на ИСИС. На овој посебен ден ги одбележуваме илјадниците маченици чии напори ја озвозможија оваа победа“, напиша на Твитер Мустафа Бали портпарол на Сириските демократски сили.

Портпаролот прогласи стопостотен територијален пораз над исламската држава.

Бали рече дека т.н. калифат кој еднаш се протегаше на 88.000 квадратни километри преку поголемиот дел од Сирија и соседен Ирак, исчезна и вети дека Сириските демократски сили ќе продолжат да се борат против остатоците на овие екстремистички групи додека целосно не се искорени.

Наспроти загубата на територијата, оваа група и понатаму се гледа како голема безбедносна закана способна да организира напади во регионот и ширум светот.

Сириските демократските сили (СДФ), сојуз на арапско-курдски борци својот последен напад на исламската држава го започнаа на почетокот на март, а преостанатите екстремисти се повлекоа во местото Багуз во источна Сирија.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе