Турција негира дека станува збор за геноцид

Сирискиот парламент го призна геноцидот врз Ерменците, Турција ја нарече лицемерна

Сирискиот парламент денес официјално го призна како геноцид масакрот над Ерменците за време и по Првата светска војна во Турција, во период на растечки тензии и конфликти меѓу војските на двете земји на северозападот на Сирија.

„Парламентот го осудува и го признава геноцидот кој го изврши Отоманската држава на почетокот на 20 век над Ерменците“, се наведува во соопштението.

На тоа турските власти вечерва возвратија со осуда на гласањето во сирискиот парламент.

„Тоа е лицемерен чин на еден режим кој со години врши секакви видови масакри над сопствениот народ... предизвикувајќи раселување на неколку милиони луѓе, а тој режим е познат и по употребата на хемиско оружје“, соопшти министерството за надворешни работи на Турција.

Се осудуваат и „неоснованите обвинувања на еден деспотски режим кој го изгуби сиот легитимитет“.

Турското министерство го обвини Дамаск и дека предизвикал „хуманитарна трагедија“ на границата со Турција.

Историчарите проценуваат дека околу 1,5 милиони Ерменци се убиени за време и по Првата светска војна во Турција, што многумина го оценуваат како првиот геноцид во 20 век. Турција тврди дека биле убиени 500.000 Ерменци.

Анкара упорно негира дека станува збор за геноцид и тврди дека бројот на жртвите е напумпан и дека настраданите всушност се жртви на граѓанската војна и немирите по распадот на Отоманското царство, што довело до загуби на двете страни.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави во средата дека турската војска „секаде“ ќе ја напаѓа сириската во случај на нови напади врз турските сили во Сирија. Од почетокот на февруари во судирите со сириската војска во провинцијата Идлиб загинаа 14 турски војници, а 45 се ранети.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе