Сириски Курд се запали пред УНХЦР во Женева

Сириски Курд утрово се запали пред Високиот комесаријат на ООН за бегалци во Женева. Тој со хеликоптер бил пренесен во болница во Лозана.

Човекот се полеал со бензин и се запалил пред седиштето на УНХЦР, па се обидел да влезе во него, но интервенирале обезбедувачите и болничките служби, па огнот бил изгасен.

Седиштето на УНХЦР се наоѓа наспроти колективен центар за згрижување баратели на азил, вклучувајќи и сириски Курди.

Триесет и едногодишниот маж, кој живее во Германија, не го објаснил својот гест, изјави за АПФ Силвен Гијом-Жантиј, портпарол на полицијата во Женева.

„Ги претпоставуваме причините, но немаме конкретни елементи“, рече тој.

Инцидентот се случил во 7.40 часот пред минувачите во квартот каде што е европското седиште на ООН.

Пожарникарите, кои набргу пристигнале, веднаш го презеле повредениот и со хеликоптер го однеле до Универзитетскиот болнички центар во Лозана.

Курдите во Швајцарија во последниве недели постојано протестираат поради турската воена офанзива во североисточна Сирија, поради што илјадници сириски Курди избегаа во Ирак.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган синоќа рече дека завршува воената операција на Турција против курдската сириска милиција, која Анкара ја смета за терористичка. Турција и Русија се согласија заеднички да контролираат голем дел од граничната зона во која живеат Курдите.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе