Во саботата

Сириски бегалци што глумеле дека се одбојкарска екипа уапсени на аеродромот во Атина

Грчката полиција во саботата уапси 10 сириски бегалци на меѓународниот аеродром во Атина.

Групата се претставувала како одбојкарска екипа и се обиделе да патуваат со нелегално добиени пасоши.

Во неделата полицијата соопшти дека бегалците влегле во Грција претходниот ден без правни документи и пристигнале на аеродромот „Елефтериос Венизелос“, со надеж дека маскирањето ќе им помогне полесно да ги поминат контролите.

Тие носеле исти дресови, исти спортски торби, а освен тоа, понеле и две одбојкарски топки.

Но граничната полиција утврдила дека пасошите што ги дале биле нелегално добиени и ја уапсила групата.

Според полициски извори групата се надевала дека ќе отпатува во Цирих со украински пасоши.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе