Сириската војска влезе во Рака, поранешната престолнина на Исламска држава (ФОТО)

Сириската војска за првпат по пет години влезе во Рака и размести во тој град безбедносни пунктови, јавува Ројтерс повикувајќи се на безбедносни извори.

Рака во 2014 година им падна во раце на терористите на ИСИС, и од тој момент се сметаше за престолнина на „калифатот“ на џихадистичката организација.

Три години подоцна, во октомври 2017 градот беше ослободен по повеќемесечна опсада од страна на Сириските демократски сили и воздушните напади на меѓународната коалиција предводена од САД.

За време на тие напади Рака беше поприлично уништена и во градот сѐ уште не е воведен ред.

Тогаш министерството за надворешни работи на Сирија ги окарактеризира нападите на меѓународната коалиција врз Рака како геноцид.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе