Според државните медиуми

Сириската војска тргнува да се соочи со „турската агресија“ на северот на земјата

Сириската војска испраќа единици на северот на земјата за да одговори на турскиот напад врз курдските милиции кој трае веќе пет дена, објави денес државната новинска агенција Сана.

Агенцијата не објави детали за мобилизацијата на сириската војска која во минатото се распоредуваше во некои курдски региони за да се избегне турска офанзива.

„единиците на арапската војска се упатуваат кон север за да одговорат на турскиот напад врз сириската територија“, објави Сана на интернет страницата.

Еден неименуван курдски функционер извести за преговори меѓу полуавтономната курдска администрација и сириската влада.

„Се разгледуваат сите опции околу турската офанзива, владата од Дамаск мора да ги преземе своите одговорности и да одговори на нападот“, изјави функционерот.

Долго маргинализирани и жртви на дискриминацијата на централните власти во Дамаск, Курдите воведоа автономија на северот на земјата која Дамаск не ја признава и ги нарекува курдските борци предавници поради сојузот со Вашингтон во борбата против џихадистите.

Курдите минатата година почнаа да преговараат со сириската влада за иднината на нивните региони, но преговорите беа прекинати.

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе