Сириската војска повторно го зазеде градот Саракиб (ВИДЕО)

Сириските владини сили успеале повторно да го заземат стратегиски важниот град Саракиб во северозападната покраина Идлиб, четири дена откако падна во рацете на милитантите поддржани од Турција, објави Сириската опсерваторија за човекови права.

Невладината организација во седиште во Лондон соопшти дека сириските владини сили со поддршка од руските авиони успеале да ја вратат целосната контрола врз Саракиб откако бунтовниците го зазедоа во четвртокот.

Саракиб е важен и за владините сили и за бунтовниците бидејќи е сместен на автопатот кој ги поврзува Дамаск и северната покраина Алепо.

Тоа е вториот најголем град во Идлиб и последното упориште на сириската опозиција и џихадистите.

Сириските власти и нивните сојузнички милиции ја преземаа контролата врз Саракиб минатиот месец во рамки на големата воена кампања во провинцијата.

Вчера турскиот министер за одбрана Хулуси Акар кажа дека земјата почна нова воена операција наречена „Пролетен штит“ против силите на сирискиот претседател Башар ал Асад откако во четвртокот во сириски напад во Идлиб беа убиени најмалку 33 турски војници.

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе