Според руската војска

Сирија успешно одби напад на израелски авиони Ф-16

Сириската противвоздушна одбрана успешно одби напад на израелски борбени авиони Ф-16 врз меѓународен аеродром во југоисточниот дел на престолнината Дамаск, јави руската војска.

Соборени се седум ракети, соопшти портпаролот на рускиот Национален центар за управување со одбраната, пренесува агенцијата ТАСС.

„Силите на воздушната одбрана на сириската војска одбија воздушен напад на израелските воздухопловни сили на меѓународниот аеродром на југоистокот на Дамаск“, изјави портпаролот на комнадниот и контролен центар на министерството за одбрана на Русија.

Тој истакна дека израелските ракети биле погодени со системи за противвоздушна одбрана „панцир“ и „БУК“.

„Никаква штета не е нанесена на аеродромската инфраструктура. Никакви жртви не се забележани“, соопшти портпаролот.

Се наведува дека четири израелски борбени авиони Ф-16 долетале од Средоземното Море и дека користеле наведувани проектили.

ТАСС наведува дека претходно сириската агенција САНА објавила дека на југот на Сирија бил одбиен израелски воздушен напад.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе