Во Обединетите нации

Сирија побара итен состанок на Советот за безбедност за суверенитетот врз Голанската висорамнина

Дамаск вчера побара од Советот за безбедност на ОН да одржи итна средба околу американската одлука да ја признае Голанската висорамнина за израелска територија, јавува Франс прес.

Во Обединетите нации

Сирија побара итен состанок на Советот за безбедност за суверенитетот врз Голанската висорамнина

 

Дамаск вчера побара од Советот за безбедност на ОН да одржи итна средба околу американската одлука да ја признае Голанската висорамнина за израелска територија, јавува Франс прес.

Претседателот Доналд Трамп потпиша во понеделникот указ со кој кој Соединетите Држави ја признаваат израелската анексија на стратегиската територија, и покрај резолуциите на ОН кои бараат Израел да се повлече од Голан.

Во писмо во кое увид имала француската агенција, сириската мисија во Обединетите нации побарала од претседателството, кое во моментов го има Франција, да закаже итна средба „за да се дискутира ситуацијата во окупираната Сириска висорамнина и неодамнешното флагрантно кршење на релевантните резолуции на Советот за безбедност од постојаната членка (САД)“.

Француското претседателство не ја закажало веднаш средбата и дипломати соопштија дека ќе има дискусија во Советот околу барањето на Дамаск.

Советот за безбедност денес треба да расправа за најновата криза за време на состанокот за обновување на мандатот на мировните сили на ОН кои се распоредени меѓу Израел и Сирија во Голан, познати како УНДОФ.

Израел ја освои Голанската висорамнина во Шестдневната војна во 1967 година од Сирија. Анектирана беше во 1981.

ОН ја сметаат Голанската висорамнина за окупирана територија. Со Резолуција на Советот за безбедност на ОН усвоена едногласно во 1981 „израелската одлука за наметнување закони, надлежности и управа во окупираната сириска Голанска висорамнина е прогласена за неважечка и без меѓународни правни ефекти“.

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе