Сирија ѝ дозволи на Русија да ја прошири воздушната база Хмејмим

Сириските власти се согласија да ѝ дадат на Русија дополнителна копнена и морска територија за проширување на воздушната база Хмејмим, покажува документот на руската влада објавен во средата.

EPA-EFE/MICHAEL KLIMENTYEV

Договорот, потпишан од претставници на Сирија и Русија на 21 јули, стапи во сила на 30 јули и се однесува на копнената и морската територија во северната провинција Латакија, каде се наоѓа руската воздушна база Хмејмим.

Територијата ќе се користи за „болнички и рехабилитациски центар“ што ќе го користат припадници на руските воздушни сили, се вели во документот.

Осум хектари земја и осум хектари крајбрежни води ќе бидат привремено и бесплатно доделени на Русија, се вели во документот.

Русија од 2015 година извршува воздушни напади против непријателите на сирискиот претседател Башар Ал Асад, а во 2017 година го зацементира своето воено присуство во земјата со договор со владата во Дамаск.

Покрај Хмејмим, кој се користи за лансирање воздушни напади, Москва ја контролира и поморската база Тартус, единствената руска поморска база во Медитеранот, која исто така беше во употреба и за време на Советскиот Сојуз.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/MICHAEL KLIMENTYEV

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе