Сирија е против безбедносна зона, велат дека тоа е план на американските и турските окупатори (ВИДЕО)

Сирија го отфрли американско-турскиот план за формирање таканаречена безбедносна зона во северниот дел на од војна опустошената земја, нарекувајќи го „флагрантен напад“ врз сириските суверенитет и територијален интегритет.

Турција и САД договорија заеднички да воспостават тампон-зона на северот на Сирија, сопирајќи ја заканата од турска воена офанзива во регионот.

„Сирија категорично и апсолутно го одбива договорот на американските и турските окупатори за воспоставување на таканаречена безбедносна зона“, објави сириската новинска агенција САНА, повикувајќи се на неименувам функционер од министерството за надворешни работи.

„Сирија ги повикува меѓународната заедница и Обединетите нации да ја осудат очигледната американско-турска агресија, која претставува опасна ескалација на судирите и закана за мирот и безбедноста во регионот и во светот“, додаде изворот.

Турското министерство за одбрана и американската амбасада во Анкара го објавија договорот и кажаа дека се надеваат дека зоната ќе „стане мировен коридор“ во регионот. Целта на договорот е да се вратат дома сириските бегалци од Турција.

Договорот беше објавен еден ден откако Анкара се закани со воена офанзива врз курдските бунтовници во Сирија кои ги поддржуваат САД. Анкара курдските милиции, кои одиграа клучна улога во борбата против милитантите на Исламска држава во Сирија, ги смета за терористички организации.

Турскиот министер за одбрана Хулуси Акар кажа дека зоната треба да е долга околу 40 километри и дека САД и турските војници треба заедно да ги разоружаат и повлечат курдските безбедносни сили од северот на Сирија.

Не се знае како и кога ќе биде воспоставена безбедносната зона.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе