Во провинцијата Идлиб

Сирија бомбардираше турски оклопни возила (ВИДЕО)

Сириското воено воздухопловство бомбардирало воен конвој на Турција во провинцијата Идлиб, јави турската агенција ДХА.

Според агенцијата, турскиот воен конвој се движел во правец на Хан Шејхун. Нема информации за жртви.

Како што јавува телевизијата НТВ, големата колона оклопна техника се движела меѓу турските контролни пунктови во Идлиб. Префрлањето било неопходно затоа што еден од пунктовите се нашол среде офанзивата на сириската војска. Гранатите паднале во непосредна близина на оклопните возила.

Колоната сопрела за да избегне загуби, а турската команда на лице место испратила дронови.

Претходно сириската државна телевизија, повикувајќи се на министерството за надворешни работи, соопшти дека турски оклопни возила се движат кон Хан Шејхун, каде што сириската војска води борба со терористите на Ал нусра фронтот.

Агенцијата не го наведе изворот на информациите.

Турција испрати воен конвој во Сирија, Дамаск гневен

Дамаск го осуди испраќањето турски воен конвој на југот на провинцијата Идлиб, еден ден по влегувањето на сириските воени сили во клучниот град на таа провинција Хан Шејкун.

„Турски возила натоварени со муниција се движат кон Хан Шејкун за да им помогнат на терористите, што е уште еден доказ дека турскиот режим им дава поддршка на терористичките групи“, соопштиле извори од сириската влада за агенцијата Сана.

Сириската опсерваторија за човекови права извести дека сириски и руски сили извршиле напади во близина на конвојот за да ги спречат турските сили да го продолжат патот.

Во Идлиб и околните области живеат околу три милиони цивили, а територијата ја контролираат бунтовниците.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе