Синот на Песков одбил да се пријави за мобилизација: „Ќе го решам ова на друго ниво“ (ВИДЕО)

Дмитриј Низовцев, водител на „Популарна политика“, канал на Јутјуб создаден од поддржувачите на Алексеј Навални, во пренос во живо му се јавил на Николај Песков, син на прес-секретарот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Претставувајќи се како воен комесар, Низовцев му рекол на младиот Песков дека му е испратена покана и му наредил следниот ден во 10 часот да оди на лекарски преглед.

„Мора да разберете, ако знаете дека јас сум господин Песков, голема грешка е што јас сум на тој список. Накратко, ќе го решам ова на друго ниво“, одговорил синот на Песков.

Во текот на разговорот, тој рекол дека нема да оди во воената канцеларија и не дал согласност да го пријават како волонтер.

„Треба генерално да разберам што се случува и какви права имам. Да ме одведат мене утре - верувајте, тоа не ви треба ниту вам, ниту мене. Јас немам проблем да ја бранам татковината - но треба да ја разберам соодветноста на моето појавување таму, зборувам за одредени политички нијанси“, додал тој.

 

Песков Помладиот рекол и дека не треба да биде заведен како волонтер во документите. „Јас ќе го направам тоа што ќе ми се каже. Ако Владимир Владимирович (Путин) рече дека јас треба да одам таму, ќе одам. Јас не сум обичен војник“.

На 21 септември, претседателот Владимир Путин објави „делумна мобилизација“ во Русија. Неговиот декрет е нејасно формулиран: не содржи ниту критериуми ниту квоти за мобилизација, така што секој може да биде испратен на фронтот, рекле експертите со кои разговарал руски Инсајдер.

Сергеј Шојгу, шеф на руското Министерство за одбрана, рече дека мобилизацијата ќе важи за околу 300.000 резервисти, главно граѓани што потпишале договор дека ќе останат како воена резерва. Сепак, самиот документ не ја содржи оваа клаузула. Според Шојгу, студентите нема да бидат повикувани. Сепак, пред само три дена, на 19 септември, Обединета Русија предложи да им се даде академски распуст на универзитетските студенти за време на нивното распоредување во Украина.

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе