Синот на израелскиот премиер Нетанјаху: Трамп е рок-ѕвезда, најдобар пријател на Евреите и на Израел

Постариот син на премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху, Јаир, изјави дека претседателот на САД Доналд Трамп е „најдобриот пријател што го имале Израел и еврејскиот народ во Белата куќа и дека засекогаш ќе биде запаметен во еврејската историја“.

Јаир Нетанјаху во делот од интервјуто за Блејз ТВ што е објавено денеска го пофали признавањето на Трамп на Ерусалим за главен град на Израел во декември 2017 година и преселувањето на амбасадата на САД во тој град во мај минатата година.

„Еврејскиот народ сѐ уште се сеќава на кралот Кир Велики од Персија, кој го признал Ерусалим пред 2.500 години. Така што ние имаме долго паметење. Големо мнозинство Израелци ја обожаваат Америка и го обожаваат претседателот Трамп. Тој е вистинска рок-ѕвезда во Израел“, рече синот на Нетанјаху.

Студијата на американскиот истражувачки центар Пју од Вашингтон објавена на крајот на минатата година покажува дека популарноста на САД под раководство на Трамп во Израел е близу до таа на Филипините, а 83 отсто испитаници рекоа дека имаат позитивен став за САД.

Исто така 70 отсто Израелци покажаа дека имаат голема доверба дека Трамп „ќе ја направи вистинската работа“ во надворешната политика.

Трамп оттогаш ја призна израелската контрола над Голанската висорамнина, која оваа земја ја окупираше од Сирија во Шестдневната војна во 1967 година и подоцна ја анектираше.

Меѓутоа, на многу американски Евреи не им се допаѓа политиката на Трамп и тие се покритични спрема неговиот однос со Израел од христијаните во таа земја.

Една друга студија на центарот Пју, објавена минатата година, покажува дека 42 отсто американски Евреи сметаат дека Трамп премногу ги фаворизира Израелците, додека само 26 отсто христијани мислат така, пренесоа израелските медиуми.

Синот на Нетанјаху во моментов е во посета на САД каде што се состанува со истакнати медиумски личности-десничари и ги објавува нивните фотографии на твитер, означувајќи ги како „големи приврзаници на Израел“.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе