Синот на Гадафи побара поддршка од Путин

Синот на поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи, Сејф ел Ислам Гадафи, побара од Русија да го поддржи планот за решавање на либиското прашање, јави телевизијата Ал Арабија.

Руските агенции пренесуваат дека телевизијата објавила извештај повикувајќи се на претставник на Сејф ал Ислам Гадафи, кој минатата недела ја посетил Русија предводејќи ја либиската делегација.

ТАСС наведува дека во Либија во моментов има две влади. Владата на национално единство (ГНА) на чие чело е Фаел ал Сарај со седиште во Триполи, додека кабинетот на другата влада се наоѓа на истокот на земјата и ја има поддршката од Националната армија на Либија, предводена од генералот Халифа Хафтар.

Девет страни досега не успеаја да постигнат политички договор за решавање на кризата.

Членовите на либиската делегација одржале средби со руски функционери, меѓу кои и заменик министерот за надворешни работи Михаил Богданов, и разговарале за ситуацијата во Либија и начините за решавање на кризата и разјаснувањето на позицијата на Сејф ал Ислам.

Според неговиот претставник, синот на поранешниот либиски лидер верува дека за надминување на кризата е неопходен дијалог за национално помирување кој ќе ги вклучи сите завојувани страни, како и транспарентни избори.

Сејф ал Ислам Гадафи се нема појавено во јавноста откако беше пуштен од затвор во јуни 2017 година.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе