По неколкумесечен молк

Синот на Бајден прозборе за Трамповите напади

Хантер Бајден, синот на поранешниот потпретседател на САД Џо Бајден, за првпат денес реагираше на критиките кои на негова сметка ги кажа американскиот претседател Доналд Трамп и застана во одбрана на своите ангажмани во Украина и Кина.

Бајден, кој молчеше со месеци, преку својот адвокат порача дека планира да поднесе оставка во управниот одбор на кинеската компанија и дека, во случај неговиот татко да победи на американските претседателски избори, не планира да работи за ниедна странска компанија.

Во соопштението не се наведуваат причините за оставката најавена за 31 октомври.

„Хантер со тие бизнис активности се бавеше самостојно“, напиша неговиот адвокат Џорџ Месирес во соопштението. „Не сметаше дека е соодветно да разговара за нив со својот татко и не го направи тоа“.

Како член на управниот одбор на шангајската компанија за управување со капитални влогови БХР не остварил никаков профит, наведе адвокатот.

Трамповите обвинувања против Хантер Бајден, кои ги изнесе без какви било докази, и неговите напори да ги натера украинските власти да отворат истрага, минатиот месец ги поттикнаа демократите да отворат постапка за отповикување на американскиот претседател.

Според анкетите, Џо Бајден во моментов води меѓу демократите во трката за претседателски кандидат.

Адвокатот на Хантер Бајден кажа дека додека тој работел во украинската енергетска компанија Бурсими, не бил соочен со какви било обвинувања за некаков престап. Тој украинската компанија ја напушти во април.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе