Синоќа нов земјотрес во Грција со јачина од 5,9 степени (ВИДЕО)

Нов земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала ја потресе централна Грција во четвртокот вечерта, ден по земјотресот со јачина од 6,3 степени по Рихтер во истата област, објави атинската сеизмолошка опсерваторија. Нема информации за жртви.

Новиот земјотрес се случи во близина на Лариса, на 250 километри северно од Атина, на местото каде што вчера беа повредени 11 лица во земјотресот, од кои едно сериозно, околу сто згради беа оштетени и предизвика паника кај жителите.

Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди централна Грција во средата. Епицентарот беше на 22 километри северозападно од Лариса.

Земјотресот беше на длабочина од два километри, објави Европската медитеранска сеизмолошка служба. Потоа имаше уште низа послаби земјотреси.

Во страв и паника луѓето трчаа по улиците на градот.

 

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе