Синоќа беше хакиран Твитер, провалено во бројни профили на славни личности

Доцна синоќа беа хакирани твитер профилите на бројни познати и влијателни личности. Од нивните профили беа пуштени твитови во кои следачите беа повикани да уплатат 1.000 долари во биткоини на одредна сметка и дека таа позната личност потоа ќе уплати двојно поголем износ за борбата против коронавирусот.

EPA-EFE

Нападот траеше долго, а од корисничката поддршка на Твитер во текот на ноќта се огласија повеќе пати.

Прво јавија дека знаат за нападот и дека истражуваат сѐ и се обидуваат да поправат.

Потоа додадоа дека корисниците можеби нема да можат да твитаат или да ја менуваат лозинката додека тие поправаат. Набрзо ја повторија информацијата и кажаа дека наведеното нема да биде овозможено сѐ додека не се врати сѐ во ред и им се заблагодарија на корисниците на трпението.

Два часа подоцна јавија дека повеќето корисници можат да твитаат, но дека тие и понатаму го решаваат проблемот па таа можност може да се вклучува и исклучува.

Твитер поддршката пред неколку часа објави најнови информации. Порачаа дека истрагата сѐ уште трае, но дека засега имаат некои информации.

„Забележавме нешто за што веруваме дека е координиран напад на луѓе кои успешно идентификувале некои од вработените на Твитер кои имаат пристап до интерните системи и алатки. Знаеме дека така дошле до контрола врз бројни верификувани и познати профили и дека твитале во име на тие профили. Истражуваме кои други малициозни активности можеле да ги преземат или до кои информации можеле да дојдат и ќе го објавиме тоа штом дознаеме“, порачаа.

„Штом дознавме за овој инцидент, ги заклучивме сметките на кои се влијаело и ги отстранивме твитовите на напаѓачите. Ја ограничивме функционалноста за поголеми групи профили, како сите верифицирани профили, дури и оние во кои не било влезено. Ова предизвика проблеми, но беше важен чекор за намалување на ризикот. Поголемиот дел од функционалноста е вратена, но можеби ќе мора да преземеме дополнителни мерки и за тоа ќе ве известиме. Ги заклучивме загрозените сметки, а пристапот на оригиналните корисници ќе им го одобриме дури откако ќе бидеме сигурни дека тоа можеме да го направиме. Интерно преземавме значајни чекори за да го ограничиме пристапот до интерните системи и алатки додека трае истрагата. Повеќе информации ќе пружиме со текот на истрагата“, заклучија од Твитер.

Твитер профилите на демократскиот американски претседателски кандидат Џо Бајден, поранешниот американски претседател Барак Обама, како и некои од најбогатите луѓе во светот како Бил Гејтс и Илон Маск беа хакирани доцна синоќа.

Хакирани беа и твитер профилите на милијардерот Џеф Безос, раперот Канје Вест, како и риалити ѕвездата Ким Кардашијан.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе