Сингапур: Одбил да носи маска на јавно место, добил шест недели затвор

Судот во Сингапур осуди во средата еден Британец на шест недели затвор, откако повеќе пати ги прекршил епидемиолошките мерки одбивајќи да носи маска во јавност, пренесува Си-ен-ен.

EPA-EFE

40-годишниот Бенџамин Глин е прогласен за виновен по четири точки на обвинението поради тоа што во мај не носел маска во воз, ниту на појавувањето пред судот во јули. Осуден е и за нарушување на редот во јавност и за употреба на заканувачки зборови кон јавни службеници.

Судијата веќе наложил Глин да биде подложен на психијатриска проценка поради неговото однесување и забелешките до судот.

Глин, кој сам себе се бранел, побарал во средата од судот да ги отфрли „незаконските обвинувања“ и побарал да му биде вратен пасошот за да се врати во Британија. Судијата одговорил дека обвинетиот е „целосно во заблуда“ за тоа што верува дека е изземен од сингапурскиот закон за носење маска.

Ројтерс пренесува дека Глин одбил да одговори на нивните прашања. Меѓутоа, затворската служба на Сингапур ги известила дека Британецот е пуштен од затвор и дека ќе биде депортиран.

Сингапур, бизнис центарот на Азија, е познат по спроведувањето строги правила. Пандемијата на коронавирусот ја држеше под контрола токму поради строгата примена на законите со цел заштита на жителите на градот-држава. Сингапур е трет во светот со 73,1 отсто вакцинирани, и има осудено на затвор и други лица за кршењето на прописите поврзани со ковид-19.

На некои странците им се одземени работните дозволи за кршење на правилата. Во февруари суд осуди друг Британец на две недели затвор откако излегол од хотелската соба, додека бил во карантин, за да се сретне со тогашната вереница.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе