Редок инцидент

Син на јужнокорејски дипломати пребегна во Северна Кореја (ФОТО)

Еден јужнокорејски државјанин пребегна во Северна Кореја, во редок инцидент кога некој се одлучува на живот во комунистичката, затворена и авторитарна држава.

Би-би-си јавува, повикувајќи се на тамошните медиуми, дека станува збор за Чое Ин Гук, син на двајца високорангирани дипломати кои во осумдесеттите години од минатиот век исто така пребегнале во Северна Кореја.

Според севернокорејските медиуми, тој ќе живее во Северна Кореја и ќе работи на обединувањето на двете Кореи.

Бегствата во кои некој од развиената и демократска Јужна Корја бега во Северна се многу ретки. Многу почесто луѓето од Северна Кореја бегаат во Јужна.

Двете земји се технички сѐ уште во војна и на јужнокорејските државјани им треба посебна дозвола за да ја посетат Северна Кореја.

„Сѐ уште не е јасно како всушност се случило бегството“, вели Оливер Хотам, кој работи за интернет порталот НК њуз. „Но се чини прилично едноставно за Јужнокореец да дојде до Северна Кореја ако има благослов од таа земја патувајќи преку Кина“.

Но ако Чое ги прекршил јужнокорејските закони и не побарал дозвола, би можел да биде уапсен ако некогаш се врати во Јужна Кореја, тврдат експертите.

Чое е 73-годишен јужнокорејски државјанин, но малку се знае за неговите политички ставови и животни вредности.

Неговите родители биле меѓу највисокорангираните Јужнокорејци кои во осумдесеттите години пребегале на север.

За неговото доаѓање во Пјонгјанг известија севернокорејските медиуми покажувајќи го срдечното добредојде со кое го пречекале севернокорејските власти.

Медиумите во Јужна Кореја ја пренесоа неговата изјава за северкорејските медиуми, која личи на пропагандна порака на Северна Кореја, во која тој наведува дека решил трајно да остане во Северна Кореја и дека „да живее во земјата и да ја следи земјата кон која чувствува благодарност е и спроведување на волјата на неговите родители“.

Чое во последните години често патувал во Северна Кореја, последен пат на погребот на неговата мајка во 2016. Неговиот татко во шеесеттите години на минатиот век бил јужнокорејски министер за надворешни работи, а по доаѓањето во Северна Кореја таму станал дел од политичката елита.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе