Симболот на палестинскиот отпор против Израел на суд – на русокосата тинејџерка ѝ се заканува долгогодишен затвор (ВИДЕО)

Судењето на девојката која за Палестинците стана симбол на отпорот против израелската окупација почна вчера зад затворени врати пред израелски воен суд.

17-годишната Ахед Тамими беше уапсена во декември по снимка на која се гледа како удира израелски војници во своето село Наби Салех, на окупираниот Западен брег. Обвинета е вкупно за 12 прекршоци, вклучувајќи напад врз оружените сили и поттикнување насилство, пишува Би-би-си. Ако биде осудена ѝ се заканува долга затворска казна.

На почетокот на сослушувањето во преполната сала судијата наредил отстранување на новинарите и дипломатите, дозволувајќи да остане само нејзиното семејство. Јавната расправа не е во интерес на малолетната девојка, соопшти судијата.

Видеото било снимено на 15 декември пред куќата на семејството Тамими, среде палестинските протести, во тоа време речиси секојдневни, против одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел. Ахед тогаш имала 16 години.

Во меѓувреме русокосата тинејџерка стана икона на отпорот против израелската окупација за Палестинците, додека Израел ја гледа како средство на „палестинската пропаганда“. Амнести интернешнел повика на ослободување на девојката и го обвини Израел за дискриминација на палестинските деца.

Тамими доаѓа од палестинско семејство на активисти и првпат го привлече вниманието на јавноста кога имаше 11 години и се закани дека ќе удри израелски војни. Пред две години беше снимена како за рака гризнува војник кој го притворил нејзиниот брат обвинет за гаѓање со камења.

Групите за човекови права соопштија дека нејзиниот случај го истакнува проблемот со грубото постапување на израелските безбедносни сили кон палестинските малолетници. Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека во последните 3 години пред специјалниот воен суд за малолетници се доведени 1.400 палестински малолетници. Активистите за човекови права остро го критикуваат израелскиот систем бидејќи „нема основни механизми за заштита и не гарантира фер судење“.

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе

Mоменталната правна поставеност на урбанистичкото планирање не обезбедува соодветна судска заштита на граѓаните.

повеќе