Силно торнадо во Кентаки, се стравува дека има повеќе од 50 загинати (ВИДЕО)

Се стравува дека најмалку 50 луѓе загинале кога разорно торнадо ја погоди американската сојузна држава Кентаки, изјави гувернерот на таа држава Енди Башир. Тој рече дека бројот на загинати најверојатно ќе биде уште поголем.

Screenshot

Бешир прогласи вонредна состојба и нареди распоредување на Националната гарда.

Во налетот на торнадо најтешко е погоден округот Грејвс, каде се наоѓа и градот Мејфилд.

„Во фабрика во Мејфилд се урна покривот. Таму ќе имаме многу жртви“, рече гувернерот.

Најмалку 24 торнада се пријавени во пет држави - Арканзас, Кентаки, Мисури, Илиноис и Тенеси.

Синоќа торнадо го погоди домот за стари лица Монет Манор во Арканзас кога едно лице загина, а 20 останале заробени во урнатата зграда. Официјални лица претходно објавија дека најмалку две лица загинале.

За два часа зградата била расчистена и било утврдено каде се сите што биле во неа, изјави окружниот судија Марвин Деј. Тој рече дека пет лица се со посериозни повреди, а неколку од нив се со полесни. Во домот имало 86 кревети.

Деј рече дека друг дом за стари лица на околу 35 километри во Труман е тешко оштетен, но никој не е повреден. Одделенијата биле евакуирани бидејќи зградата не била безбедна.

Во близина на Едвардсвил, Илиноис, невремето погоди центар на Амазон, каде имало околу 100 луѓе кои работеле во ноќна смена.

За сега не се знае точно колку лица се повредени, но регионалната Агенција за вонредни ситуации на Фејсбук соопшти дека се работи за инцидент со масовни повреди.

На телевизиските снимки се гледаат бројни амбулантни возила и противпожарни возила, како и автобуси како изнесуваат луѓе од зградата, а најмалку едно лице како се превезува во медицински хеликоптер.

Овој центар на Амазон со два магацини, кои се користат за чување на предмети додека не се испратат до купувачите, бил отворен во 2016 година. На една снимка се гледа дека дел од ѕидот е целосно урнат, а и покривот на големиот магацин на Амазон.

Не е јасно дали овој магацин бил погоден од силно невреме или торнадо, но било пријавено дека големо торнадо поминало низ областа Едвардсвил во моментот кога магацинот бил оштетен.

Силно невреме и можно торнадо ја погоди областа Сент Луис во американската држава Мисури. Во руралните средини на Мисури, едно лице загина, а две се повредени кога се урнале згради во местото Дефајанс.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе