Силни експлозии во близина на руска воена база на Крим (ФОТО)

Неколку силни експлозии се слушнале од правецот на руската воена база во Новофедоривка на западниот дел од анектираниот украински полуостров Крим, потврдија тројца сведоци за Ројтерс.

Фото: Твитер

Во рок од една минута се слушнале најмалку 12 експлозии со различен интензитет, од кои три биле екстремно гласни. Облак чад се издигал од правец на руската база. Селото Новофедоривка е оддалечено околу 200 километри од фронтот. Тоа значи дека, доколку експлозиите се резултат на украински напад, Украинците добиле оружје со значително поголем дострел од претходно.

Видеата кои наводно прикажуваат експлозии на Крим брзо се проширија низ руските и украинските канали на социјалните мрежи.

Родион Мирошник, т.н руски амбасадор во самопрогласената проруска Народна Република Луганск, објави две видеа од експлозиите на својот канал Телеграм.

„Жителите на Крим јавуваат за експлозии кај селото Новофедоривка. Првата експлозија се случи во 15 часот по локално време, а потоа следеа и други експлозии. Засега не се знае дали има жртви“, објави Мирошник.

Легенда под Главна слика

Фото: Твитер

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе